Уште еден милионски град во Русија

Населението во Русија расте.

Краснојарск доби статус на милионски град: според податоците на градските власти, на 1 јануари 2013 година бројот на жители во градот пораснал на 1.016.385.

Според ова, Краснојарск стана петнаесеттиот град во Русија и третиот сибирски град во кој има повеќе од милион жители.

Од основањето во 1628 година, во Краснојарск се извршени девет пописи на населението. Првиот општ попис на населението на Руската Империја е спроведен во 1897 година. Од тогаш па до сега, бројот на жители во Краснојарск е зголемен за 36 пати. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња