Руските компании се борат за либанскиот гребен

За експлоатацијата на либанскиот гребен ќе се натпреваруваат неколку руски компании.

За експлоатацијата на либанскиот гребен ќе се натпреваруваат неколку руски компании: најголемиот независен произведувач на гас „Новатек“ во соработка со групата „GPB Global Resources“ (во составот на „Гаспромбанк“), како и „Роснефт“ и „Лукоил“.

Либанскиот подводен гребен се простира на површина од 22.730 квадратни километри. За источниот дел на гребенот веќе има отворено тендер, кој предизвикува голема заинтересираност. Резервите гас кои се откриени во Левантијскиот басен во Средоземното море се едни од најголемите кои се откриени во последниве 10 години. Според прелиминарните процени, потенцијалните ресурси природен гас во овој регион се поголеми од 3 трилиони кубни метри, што може да се спореди со еден од најголемите наоѓалишта на „Гаспром“ - Бованенското.

Досега за овој тендер конкурираа 52 компании од 25 земји. Конечниот список компании кои ќе учествуваат во тендерот ќе биде објавен на 18 април, а првиот квалификациски круг на тендерот започнува на 2 мај. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.