Следната светска војна може да почне во следниве 10 години, но каква ќе биде - „студена“ или „жешка“, тешко е да се претскаже, изјави Сергеј Малков, професор во Академијата за воени науки при Московскиот државен универзитет.
„Во каква ситуација се наоѓаме? Завршува петтиот бран од Кондратјевиот премин кон шестиот технолошки циклус. Во следниве 10 години не очекува силна политичка и технолошка нестабилност“, изјави тој. Според неговите зборови, државите кои нема да успеат да преминат од петтиот кон шестиот технолошки циклус ќе заостанат во технолошкиот развој за 50 години.
Тој исто така забележа дека специјалистите во МГУ ги анализирале економските циклуси и нивото на воена агресија во светот во следниве 200 години, според што е направена и ова анализа. „Сега ја чекаме четвртата светска војна, и таа ќе се случи во следниве 10 години“, изјави Малков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче