Пред Руската државна Дума е ставен на разгледување нацрт-закон кој забранува продажба на алкохол на лица кои имаат под 21 година и според кој истовремено се дуплираат казните за продажба на алкохол на деца.
Според сегашниот руски закон, младите со наполнети 18 години можат самостојно да купуваат алкохолни пијалаци. Меѓутоа, според авторите на новиот закон, биолошкото созревање на младиот организам не завршува на 18 години, туку многу покасно. Дополнително, младите често го користат алкохолот под влијание на своите пријатели „за да им прават друштво“.
Според најновите статистички податоци, во Русија 99% од младите над 15 години веќе користат алкохол.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче