Чеченски муџахедини се појавиле во Сирија

Појавата на терористи од Чеченија ги потенцира проблемите кои можат да се појават после завршувањето на граѓанската војна.

Исходот од граѓанската војна во Сирија ќе има огромно влијание на местото на Русија во светот, но и нејзиното влијание на Блискиот Исток. Во меѓувреме, учеството на чеченски терористи на територијата на Сирија ги подвлекуваат потенцијалните ризици за Русија на домашен терен.

Уште во минатата година почнаа да доаѓаат извештаи дека има Чеченци меѓу борците од страната на опозицијата во Сирија. Иако податоците за нивниот број се ограничени, неколкуте извештаи од теренот кажуваат дека тие не се локални Чеченци, кои во Сирија ги има околу 20.000 на број. Локалните Чеченци се сунити, и затоа немаат никаква причина за да се дигнат против режимот на Асад.

Присуството на Чеченци е слика за зголемената поделба во опозицијата меѓу умерените и ултра-исламистичките елементи, како и меѓу сунитите и шиитите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња