Ракетниот комплекс Club - е извозна верзија на рускиот „Калибар“, кој е познат на пазарот веќе повеќе години. Со овие ракети се опремени многу бродови и подморници кои се извезуваат уште од 2000-те години, а освен тоа, многу нарачатели го инсталираат овој систем на своите бродови или подморници кога вршат модернизација.
Club-K е модификација во контејнер и претставува сосема нов дел од еволуцијата на овој комплекс. Системот за лансирање, системот за управување и апаратите за врска и навигација се инсталираат во универзалниот модул во вид на стандарден морски контејнер.
Ваквото сместување на ракетите обезбедува скриеност на комплексот и возможност да се смести на било кое место, вклучувајќи ги и пристаништата, складовите, палубите итн. Ова оружје може да го претвори буквално секој вид воден транспорт во оружје, што, секако, може да се покаже како изненадување дури и за големите воено-морски држави.
Тоа што ниту една држава од третиот свет не е способна сама да се спротивстави на супердржава без надворешна поддршка - е аксиома. Сега постојат одредени средства кои дозволуваат да се направи потенцијалниот конфликт премногу скап за да воопшто биде и почнат.
Оваа идеологија ја спроведува Северна Кореја, која како средство за „онеспособување“ на војната преку неисплатливоста да се започне истата - ја избра нуклеарната бомба. Сепак, во меѓународните односи и конфликти далеку поголеми реперкусии носи употребата на нуклеарната бомба, отколку оружје како Club-K. Во современите војни, кога вооружениот конфликт често не значува и прекинување на трговските патишта, вакво оружје може да биде смртоносно не само за бродовите кои се опремени со системот Aegis, туку и ним сличните.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче