Визниот режим меѓу Русија и Шпанија нема никаква смисла. Тоа е заклучокот до кој дојдоа претставниците на двете страни за време на средбата во Трговската палата на Руската Федерација. Руските туристи можат да донесат многу корист во Шпанија: тие трошат двапати повеќе од граѓаните на Европската Унија. Сепак, желбата на само една држава е недоволна за укинување на визите меѓу Русија и целата Европска Унија.
Трговијата меѓу двете земји во минатата година достигнала 10,6 милијарди долари, зголемувајќи се за 1,5% во споредба со 2011.
Сепак, ниту трговијата не е главната причина за желбата на Шпанија. Руските туристи во Шпанија во минатата година ја заплиснале Шпанија. Во земјата дошле 990.600 граѓани на Русија, од кои 792.000 за туризам. Според зборовите на амбасадорот на Шпанија во Русија, граѓаните на Европската Унија кои доаѓаат во Шпанија трошат во просек по 700 евра, додека Русите оставаат по 1.700 евра.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче