Федералната служба за миграција пресмета колку нелегални работници има во Русија

Во моментов на територијата на Русија се наоѓаат повеќе од 3 милиони нелегални емигранти.

Во моментов на територијата на Русија се наоѓаат повеќе од 3 милиони нелегални емигранти. Тоа им го рече на новинарите во Москва заменикот-шеф на Федералната миграциска служба на Русија, Анатолиј Кузнецов.

Станува збор за луѓе кои го нарушиле времето предвидено за престој во Руската Федерација. Според официјалните податоци, бројот на нелегални работници во Русија се движи од 3 до 5 милиони. Притоа, ова е бројот на тие емигранти кои се регистрирале при влегувањето во државата.

Вкупниот број на емигранти (вклучувајќи ги и тие кои го почитуваат законот) изнесува околу 10,2 милиони, соопштува Кузнецов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.