Министерството за вонредни состојби на Руската Федерација објави неколку прогнози во врска со промените на климата на територијата на Русија. Според податоците на центарот „Антистихија“, температурата на Арктикот кон крајот на 21 век ќе се зголеми за 7 степени како резултат на глобалните промени на климата.
Освен тоа, експертите сметаат дека темпото со кое климата се менува на територијата на Русија во последниве 100 години е за 2 пати побрзо, отколку во остатокот од светот, а само во последната декада, брзината со која расте температурата во Русија е неколку пати поголема, во споредба со 20 век.
Според мислењето на координаторот на Светскиот фонд за природа (WWF) во Русија, Кокорин, министерството во овој случај излегува со умерена прогноза:
„Општо земено, сите агенции како Министерството за вонредни состојби во светот, по правило „претеруваат“ во своите прогнози, давајќи ги најлошите, некога дури и полоши од оние на Гринпис... За жал, јас мора да се согласам со прогнозите на Министерството за вонредни состојби“, изјави Кокорин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче