Првиот блок од руската нуклеарна централа, која е во изградба, планирано е да се заврши во 2018 година. Ова го изјави Владимир Путин после состанокот на Врховниот државен совет на Унијата меѓу Русија и Белорусија.
Според зборовите на Путин, изградбата на нуклеарната централа се одвива според планираното. Вториот блок на нуклеарната централа ќе почне да се гради во 2020 година. Вкупната инвестиција од руска страна за изградба на првата нуклеарна централа во Белорусија изнесува 10 милијарди долари. После заседанието на Државниот совет потпишани се неколку договори, вклучувајќи и договори за соработка меѓу Русија и Белорусија на Антарктикот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче