Цигарите ќе ги снема од касарните

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, кој и самиот е непушач, ќе ги навикне војниците кон здрав начин на живот.

Во рамките на борбата против пушењето, Министерството за одбрана до крајот на 2013 година ќе ги укине цигарите од стандардните залихи кои ги добиваат војниците.

Идејата да се прекине со давање на цигари на војниците беше предложена уште во 2009 година, и во некои единици дури се направени експерименти за целосно откажување од пушењето. Сегашниот министер за одбрана реши ова дело да го спроведе до крај. Тој пред неколку години престана со пушење, и сега повикува и потчинетите тоа да го направат.

Досега секој војник добиваше по 10 цигари на ден. Наместо цигари, сега на војниците ќе им се предлага 700 грама шеќер, 600 грама карамели, или 600 грама кондензирано млеко.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња