Студентите од Томскиот политехнички универзитет (ТПУ) создадоа компјутерска програма со име Total Recall, која, според замислата на создавачите, ќе им помогне на оние кои ја изгубиле меморијата, пренесува за РИА Новости еден од авторите на програмата, Владимир Осин. „Оваа програма е создадена на принципот на асоцијативно мислење - ние му покажуваме на човекот различни слики кои кај него можат да предизвикаат различни асоцијации. Кога човек кој има амнезија виде нешто познато, тој можеби и ќе се сети на нешто“, изјави Владимир Осин.
Според Осин, процедурата не бара никакви хипнози или други медицински интервенции во психиката на човекот. Пациентот гледа максимално општи слики, а неговата реакција истовремено се набљудува и регистрира преку компјутер и камера која ги регистрира движењата на зеницата. Како резултат на тоа, компјутерот го „стеснува кругот“ на слики кои ги покажува според тоа кои фотографии предизвикале реакција.
Во создавањето на програмата учествуваат четири студенти од втора година на ТПУ, а помош во разработката им давал Центарот за иновации Microsoft, кој влегува во составот на универзитетот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче