Лавров: Русија не ги нарушува правата на хомосексуалците

Законот за забрана на пропагандата на хомосексуализмот меѓу малолетниците, донесен во Санкт-Петербург во март минатата година, не ги нарушува правата на сексуалните малцинства во Русија.

Законот за забрана на пропагандата на хомосексуализмот меѓу малолетниците, донесен во Санкт-Петербург во март минатата година, не ги нарушува правата на сексуалните малцинства во Русија. Оваа изјава ја даде министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

„Ние не сакаме ниедна група граѓани да добие право да ги промовира вредностите на хомосексуализмот и да ги наметнува на децата“, изјави Лавров. Притоа, тој забележа дека во Русија нема ниту една универзална или општоевропска обврска за да ја дозволи хомосексуалната пропаганда.

Сергеј Лавров, исто така, спомна дека членот во Кривичниот законик, со кој во СССР се предвидуваа казни за хомосексуалците - е одамна укинат. Според зборовите на министерот, хомосексуалците во Русија можат „слободно да си ја практикуваат својата сексуална ориентација“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња