Руската тенисерка Марија Шарапова оди во полуфиналето на турнирот во Катар. Ова го соопштува официјалната интернет-страница на турнирот.
Во мечот во 1/4 финалето, русинката, која се наоѓа на третото место во рејтингот на Женската тениска асоцијација, ја победи тенисерката која се наоѓа на деветтата позиција во истиот рејтинг - Саманта Стосур од Австралија, со резултат 6:2, 6:4.
За излез во финалето, Шарапова ќе игра со победникот од средбата меѓу американката Серена Вилијамс и Петра Квитова од Чешка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче