Следењето на небесните тела, како она што падна во Русија, преку постечките техники и средства е практично невозможно. Ова го изјави на прес-конференцијата во ИТАР-ТАСС началникот на Управата за стратешко планирање и програми при Федералната космичка агенција „Роскосмос“, Јуриј Макаров.
Тој напомна дека Роскосмос има автоматизиран систем за прогнозирање на опасни ситуации во вселенското пространство околу Земјата. Сепак, тој систем е насочен прес сѐ, за следење на безбедноста на Меѓународната вселенска станица од ѓубрето во кое кружи околу Земјата - различни објекти со различна големина кои се исфрлани во претходните мисии во последниве 50 години.
„Притоа, тоа се техногени објекти кои можат да бидат следени, додека објектот што влезе во атмосферата под многу остар агол - е од нетехногена природа. Со средствата на земјата - и нашите, и оние од другите земји - тоа небеско тело не се следело.“, подвлече началникот на управата.
„Веројатноста за појава на нетехноген објект е многу мала, но последиците можат да бидат катастрофални. Ние се судривме со еден не многу голем објект, но и покрај тоа, нашите граѓани настрадаа. Ние треба да ги решиме задачите за зголемување на знаењето за потенцијално опасните објекти, и затоа се создава заедничка програма со Руската академија за науки. Тргнувајќи од големината на проблемот, може да се каже дека се наоѓаме на почетокот на тој пат“, изјави Макаров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче