Индустриското производство во Русија во јануари 2013 паднало за 0,8% во споредба со јануари минатата година. Ова се кажува во извештајот на интернет-страницата на Росстат.
Раст на индустриското производство во јануари 2013 година бил фиксиран во производството и преносот на електроенергијата, гасот и водата (1,8% повеќе). Експлоатацијата на минерали и преработувачката индустрија имале за 0,3% помало производство. Производството на јаглен во јануари паднало за 2,7%, а на нафтата - за 1,7%.
Индустриското производство во Русија се намалува за прв пат од 2009 година. Во декември 2012 година индустриското производство се зголемило за 1,4%, во ноември - за 1,9%, во октомври - за 1,8%.
Пресметано на годишно ниво - индустриското производство во Русија во 2012 година во Русија се зголемило за 2,6%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче