Министерството за врски и комуникации со предлог за реформа на факултетите за новинарство

Министерството за врски и комуникации на Русија предложи да се смени наставниот план за подготовка на идните новинари.

Министерството за врски и комуникации на Русија предложи да се смени наставниот план за подготовка на идните новинари. Имено, се предлага да не се учат потесни аспекти во новинарството, туку да се спремаат „универзални специјалисти“. Како што соопштува „Интерфакс“, ова го изјави на 7 февруари заменикот-министер, Алексеј Волин.

Според мислењето на чиновникот, во современата ситуација, средствата за масовно информирање се стремат кон намалување на бројот на луѓе кои работат во редакциите и почнуваат со вработување на „универзални соработници“, способни да „фотографираат, брзо да пишуваат вест за интернет-страниците, последователно создавање на статија за весник или списание, како и создавање на мултимедијален формат, монтирање на кратка телеивизиска новост, како и да настапи со извештај на радио“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња