Жителите на Новосибирск ги чека епохата на Ренесансата

Во Новосибирскиот државен музеј на уметноста се отвори уникатна изложба „Генијот Леонардо да Винчи“.

Во Новосибирскиот државен музеј на уметноста се отвори уникатна изложба „Генијот Леонардо да Винчи“. Репродукциите на најдобрите слики на Леонардо, макети од неговите изуми, направени според цртежите на мајсторот, како и инсталации на сите три ката во музејот – ќе бидат достапни во Новосибирскиот државен музеј на уметноста, зафаќајќи површина од илјада квадратни метри.

Експозицијата покажува цел дијапазон од неверојатната надареност на Леонардо да Винчи како откривач, уметник, анатом, скулптор, инженер, музичар и архитект. Во неа се покажани макети од неговите откритија и проекти, а исто така и факсимили и репродукција на најдобрите дела на Леонардо, создадени после 500 години со користење на високи технологии. Според зборовите на организаторите, изложбата ќе помогне да се откријат тајните на многу негови ремек-дела. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња