Во Ростов-на-Дон, во просториите на поранешната фабрика за макарони, се отвори приватен театар „18+“. Името на театарот не е поврзано само со изборот на репертоарот, - овде ќе се одржуваат претстави од современи автори, од кои не сите можат да се препорачаат за гледање од страна на целото семејство.
Првата претстава „Папа“ е посветена на Ростов и неговите жители. Раководителот на театарот, познатиот московски режисер Јуриј Муравицкиј, кажува дека на почеток била направена социолошка анкета, во врска со тоа на што ги асоцира жителите на Ростов нивниот град. Резултатите покажале дека тоа е Дон, козаците и трговците.
Во иднина се планира овде да се одржуваат претставите на локалните драматурзи. Веќе во следната недела ќе се одржи премиерата на „Како живи“ од Марија Зелинскаја.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче