Квотите за емигрантите ја оставија Москва без комунални работници

Во центарот на главниот град на Русија има недостаток од 1000 комунални работници.

Во центарот на Москва недостасуваат 1000 комунални работници, изјави за „Известија“ извор во градската управа. Бројот на работници во комуналната сфера кои го чистат снегот, е на 80% од потребите. Поради недостигот на работници, веќе втора недела по ред излегуваат да го чистат снегот чиновниците.

Како што соопштија во градската управа, во комуналните служби на градот во 2012 работеле околу 4,7 илјади комунални работници. Тоа е 80% од нормата која се определува за секој округ, тргнувајќи од големината на територијата, тежината на работата и времето од годината. Според зборовите на изворот од градската управа, недостатокот на работници е предизвикам поради новите квоти кои се воведени за емигрантите.

Во 2012 година комисијата за вработување на емигранти разгледала молби за вработување поднесени од 1.520 организации. Само 40% од нив биле прифатени. Останатите биле одбиени, со укажување дека тие работни места можат да бидат пополнети од руски граѓани.

Како што соопшти за „Известија“ шефот на одделот за надворешна трудова миграција, Александр Космачев, ќе бидат казнувани организациите кои „ги отпуштаат русите за да дојдат на нивно место емигрантите“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња