Испитувањата на комплексот против сателити ќе започнат кон крајот на годината

Министерството за одбрана ги определи роковите и плановите за испитување на комплексот против сателити – „Крона“.

Министерството за одбрана ги определи роковите и плановите за испитување на комплексот против сателити – „Крона“. Тие испитувања треба да се одржат кон крајот на 2013 година. Според податоците на „Известија“ од Генералштабот, главниот акцент ќе биде посветен на конфигурирањето и интеракцијата меѓу различните компоненти, особено на ударните средства со земниот радарско-оптички комплекс кој ги бара и распознава вештачките сателити на Земјата.

Радарите сè уште го имаат стариот советски индекс 45Ж6, бидејќи се произведени во 80-те години. Нив ги модернизираат во 2009-2010 година, кога се вршеа државните испитувања, изјави за „Известија“ офицерот од Генералштабот.

Како што кажува самото име, „Крона“ е предназначена да води борба со сателити. Тој систем се состои од земни и воздушни компоненти. Земниот РОК 45Ж6 се состои од радар и ласер, кој ја определува далечината и векторите на движење на целта.

Проектот е започнат во 1984 година, и за само неколку години советската одбранбена индустрија изгради три вакви системи. Еден е веќе се наоѓа на полигонот Сари-Шаган во Казахстан, вториот – во Подмосковје, а третиот – на станицата Сторожеваја во Ставрополскиот крај.

Освен земните компоненти, се предвидува да се модернизираат и три ловци МиГ-31, кои ќе ја имаат задачата да ги лансираат ракетите кои треба да ги погодат сателитите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња