Москва и Пекинг водат преговори за продажба на 36 руски бомбардери Т-22М2 во вредност од 1,5 милијарди долари. оваа сензационална новост ја пренесе изданието Business Insider. Иако веста веднаш беше негирана од главниот продавач на руско оружје, „Рособоронекспорт“, експертите сметаат дека „нема чад без оган“.
Business Insider тврди дека зделката веќе е направена. Во секој случај, според нивните информации, во кинеската воено-морска авијација овој бомбардер веќе го носи името Н-10. Има податоци дека Кина веќе има планови за модернизација на бомбардерот, со цел да се зголеми радиусот на неговото дејство, што ќе ја зголеми геополитичката вредност на државата.
Ту-23М3 е создаден кон крајот на 70-те години на минатиот век. Тој има два мотора и е способен да дејствува на далечина од 6.800 км и да носи 24 тона оружје. Главно вооружување на бомбардерот е суперсоничната крилеста ракета Х-22, создадена од „Радуга“ недалеку од Москва. Во овој момент руските Воено-воздушни сили имаат 150 вакви бомбардери. Ту-22М3 се користеле за бомбардирање за време на воените дејства во Авганистан. Учествувале и за време на конфликтот со Грузија во 2008 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче