Русија не е задоволна „од крајно бавното темпо“ со кое се води истрагата околу соборениот Ми-8 во Јужен Судан, и смета дека Секретаријатот на ООН и властите на државата ќе преземат мерки за да го забрзаат тој процес. Ова го изјави вчера постојаниот претставник на Руската Федерација во ООН, Виталиј Чуркин.
На 21 декември во Република Јужен Судан беше соборен хеликоптер Ми-8 на руската авиокомпанија „Нижневртовскавиа“, кој работеше врз основа на договор со мисијата на ООН во африканската република. Како резултат на инцидентот загинаа четворица руски граѓани. Официјалните претставници на Јужен Судан признаа дека хеликоптерот е соборен од војската, иако биле известени за летот. Минатата недела во државата беа испратени експерти на ООН за извршување на истражни дејства за овој случај.
Виталиј Чуркин подвлече дека загинувањето на руските пилоти е „трагично потсетување за одговорноста на државите“ за обезбедување на безбедноста на дејноста на миротворните мисии на ООН.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче