Кај специјалистите на „Уренгојдосторој“, работата асоцира не само на мирисот на асфалт, но и... со вкусот на лимони. Во оранжеријата на „Урангојдострој“, која се наоѓа во самиот центар на производната база на компанијата, се наоѓа единственото место во Јамал каде се произведуваат лимони. Во оранжеријата неодамна се изврши реновирање, подобрени се системите за осветлување, наводнување и контрола на клима.
Посетувајќи го штандот на Јамал на берлинската изложба, министрите за земјоделство на Русија и Германија забележаа дека продукцијата од арктичкиот регион е уникатна. Министерот за земјоделство на Руската Федерација, Николај Фјодоров, пробувајќи лимон од Нови Уренгој, забележа дека сега го знае вистинскиот вкус на лимоните: „Излегува дека вистинските лимони растат на Јамал!“.
Одгледувањето лимони - е уникатна традиција на претпријатието „Уренгојдорстрој“. Производството започнува уште од 70-те години. Профит оваа дејност не носи, туку се користат за надополнување на дневното мени на работниците во компанијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче