Планот за воена соработка меѓу Русија и НАТО предвидува изведување во 2013 на неколку заеднички вежби и тренинзи, изјави за новинарите во средата началникот на Генералниот штаб на Вооружените сили на Русија, генерал-полковник, Валериј Герасимов.
„Се планира изведување на заеднички вежби и тренинзи, чија цел ќе биде разрешувањето на прашања за практичното заемно дејство против тероризмот, а исто така и спасувањето на море. Освен ова, ќе се изведе и вежба летово во Словачка, каде ќе се вежба осигурувањето на воените контингенти со гориво, продукти и други ресурси“, изјави Герасимов после завршувањето на заседанието на Советот Русија-НАТО на ниво на началници на генералните штабови, кој се одржа во средата во Брисел.
Тој исто така соопшти, дека Русија ќе земе учество во вежбите на НАТО „Будно небо“, кои ќе се одржат во втората половина на 2013 година. „На вежбите ќе бидат одработени задачи кои се однесуваат на противдејството на тероризмот во воздушниот транспорт“, рече Герасимов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче