Курир на синџирот ресторани „Тануки“ испорачува храна во костим од ликовите од серијата „Игра на лигните“(Squid game)
Сергеј Савостјанов/TASS1. Зимата 2020/21 беше прилично студена со температури под 50 степени според Целзиус во определени подрачја на Сибир. Но, затоа жителите на Краснојарск, на пример, приредуваа вакви феноменални „ледени огномети“. Кода зовриена вода ќе фрлите во вис во воздухот таа моментално замрзнува!
Мештани прават „леден огномет“ на мраз во Краснојарското акумулациско езеро. Министерството за вонредни состојби предупредува дека температурата на воздухот во централните подрачја на Краснојарскиот крај се спушта од -45 до -50 степени под нулата.
Иљја Најмушин/Sputnik2. Како и секоја година жилавите граѓани на Русија не ја испуштија можноста да нурнат под мразот на православниот празник Богојавление на 19 јануари. Погледнете повеќе фотографии од овој обичај на мраз.
Богојавленско капење во Верх-Исетскиот рибник во Екатеринбург.
Павел Лисицин/Sputnik3. Масовна вакцинација во Русија. Властите организираа дури и наградни игри во кои вакцинираните граѓани добиваат гаџети, автомобили и станови. Патем, дури и некои странци примија „Спутник V“ и го поделија со нас своето искуство. Подетално прочитајте тука.
Медицинска сестра и аниматор од трговски центар во костим на мечка за време на вакцинацијата со првата компонента од вакцината „Гам-КОВИД-Вак“ (трговска марка „Спутник V“), во привремената амбуланта за вакцинација во трговскиот центар „Шчолковски“.
Гаврил Григоров/TASS4. Страшило КОВИД-19 е запалено за време на прошталниот Зимски фестивал во сибирскиот град Тјумењ.
Палење на симболичното страшило КОВИД-19 на фестивалот на студенилото „Испраќање на руската зима“ во клубот на зимските пливачи „Езеро на шампиони“ на езерото Липовое во градот Тјумењ.
Сергеј Русанов/Sputnik5. За првпат во историјата сите три руски натпреварувачки во поединечна женска конкуренција го зазедоа целиот пиедестал на Светското првенство во уметничко лизгање во 2021 година.
Победниците во поединечна женска конкуренција на Светското првенство во уметничко лизгање во Стокхолм, на церемонијата на доделувањето на наградите (одлево надесно): Елизавета Туктамишева (Русија) – сребрен медал, Ана Шчербакова (Русија) – златен медал, Александра Трусова (Русија) – бронза.
Александар Вилф/Sputnik6. Најстарото кино во Москва беше отворено по долготрајна реконструкција... и изгледа фантастично!
Резултат од реставрацијата на киното „Художествени“ кое е најстаро во Москва.
Агенција „Москва“7. Фотографија без скриена смисла. Мајка и ќерка се шетаат по прекрасно поле со булки на Крим!
Жена фотографира дете на поле со булки во близина на железничката станица Сирењ и на селото Танковое во Бахчисарајскиот реон на Крим.
Сергеј Малгавко/TASS8. Парадата по повод Денот на победата во Волгоград имаше необичен учесник. Патем, кучињата навистина многу ѝ помогнале на Црвената армија во совладувањето на нацистите. Дознајте повеќе за ова тука.
Русија. Волгоград. Парадна екипа на волгоградската полиција, која за први пат учествува на воената парада на Победата, на парадата по повод 76-годишнината од победата во Големата татковинска војна.
Дмитриј Рогулин/TASS9. Традиционалниот годишен фестивал „Алови едра“ („Алые паруса“) посветен на матурантите не се одржа во 2020 година, но годинава сепак се одржа и тоа со присуство на гледачи.
Русија. Санкт Петербург. Огномет над брикот „Русија“ за време на матурската прослава „Алые паруса“ („Алови едра“).
Пјотр Коваљов/TASS10. Во поголемите руски градови ова лето беше навистина жешко. Погледнете повеќе фотографии кои ја доловуваат жештината во Русија.
Летна жештина во Москва 13 јули 2021. година.
Сергеј Ведјашкин/Агенција „Москва“11. Водете љубов, а не војна! Фотографија од натпревар во тенковски баталјон за време на Меѓународните армиски игри 2021 одржани во август во близина на Москва.
Шоу-програма на отворањето на Меѓународните армиски игри 2021 на полигонот Алабино.
Сергеј Фадеичев/TASS12 Руските спортисти поради скандалот со допинг мораа да настапуваат под знамето на Рускиот олимписки комитет, а не под руската национална бело-сино-црвена тробојка. (И наместо државната химна беше интониран Концертот број 1 за клавир од Петар Иљич Чајковски). И покрај сè, спортистите одлично настапија и освоија 20 златни медали, а поставија и неколку нови и неочекувани рекорди. Повеќе детали тука.
Марија Ласицкене го слави златото во скок во височина на Олимпискиот стадион за време на дваесеттиот ден од Олимписките игри 2020 (одржани во 2021) во Јапонија. Фотографијата е направена во сабота 7 август 2021. година.
Martin Rickett/PA Images/Getty Images13. По повод 800-годишнината од раѓањето на Александар Невски, рускиот средновековен кнез, Московското метро пушти во сообраќај специјален воз.
Пуштање во сообраќај на тематскиот воз по повод 800-годишнината од раѓањето на кнезот Александар Невски во депото на Московското метро.
Сергеј Кисељов/Агенција „Москва“14. Изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ конечно беше завршена на 10 септември 2021 година. Овој систем долг 1.234 километри ги спојува Русија и Германија преку Балтичкото море.
Минувачи го гледаат рускиот брод за поставување цевки „Академик Черски“ додека тегначи го тегнат од пристаништето во Балтичкото море. Во последните недели бродот беше опремен со дополнителна опрема во Висмар. Мекленбург – Западна Померанија, Висмар.
Jens Büttner/dpa/Global Look Press15. Прекрасниот руски павилјон беше откриен на долгоочекуваната изложба Експо 2020 во Дубаи. Направен е во вид на џиновска купола која однадвор е обложена со голем број мали разнобојни цевчиња. Внатре е прекрасната мултимедијална инсталација која ја демонстрира структурата на човековиот мозок и начинот на кој тој функционира. Тука можете да видите повеќе фотографии.
16. Бурен ветар на 22 октомври урна еден забец на ѕидините на московскиот Кремљ.
Ураганот урна забец и скеле на ѕидините на Кремљ.
Максим Григорјев/TASS17. За првпат во историјата еден долгометражен филм беше делумно снимен во космосот! Глумицата Јулија Пересиљд и режисерот Клим Шипенко беа членови на првата космичка филмска екипа во историјата на кинематографијата. Тие полетаа на Меѓународната вселенска станица каде минаа 12 дена. Прочитајте го интервјуто што Шипенко го даде по враќањето!
Членот на главната екипа на 66 експедиција на Меѓународната вселенска станица, глумицата Јулија Пересиљд, облекува скафандер пред полетувањето на космичкиот брод „Сојуз МС-19“ на космодромот Бајконур. Покрај актерката на МКС полета и режисерот Клим Шипенко за снимање на играниот филм „Предизвик“.
Рамиљ Ситдиков/Sputnik18. Оваа година зимата прилично рано стаса во европскиот дел од Русија и донесе многу снег.
Тверски булевар. Хидрометеоролошкиот центар на Русија соопшти дека во петок се очекува облачно време, дожд и мокар снег, највисока температура од 5 степени според Целзиус.
Василиј Федосенко/TASS19. Првпат за 15 години руската тениска репрезентација победи на Дејвис-купот. Им честитаме на нашите спортисти! Во прв план е Андреј Рубљов, а зад него од левата страна е Данил Медведев.
Андреј Рубљов отвора шампањ на прославата на победата на Дејвис-купот во машка конкуренција. Руските тенисери ги победија Хрватите во финалето на Дејвис-купот на 5 декември 2021 година во Мадрид.
Clive Brunskill/Getty Images20. Главниот уредник на весникот „Новаја газета“ Дмитриј Муратов ја доби Нобеловата награда за мир за 2021 година. Оваа фотографија е направена во Осло на 10 декември додека држеше говор по повод добивањето на наградата. Подетално за Дмитриј Муратов прочитајте тука, а за сите добитници на Нобеловата награда тука.
Добитникот на Нобеловата награда за мир во 2021 година, рускиот новинар и главен уредник на весникот „Новаја газета“ Д. Муратов, држи говор на врачувањето на Нобеловата награда. Муратов беше награден „за напорите во одбраната на слободата на говорот, што е предуслов за демократија и стабилен мир“.
Сергеј Бобилев/TASS21. Во Москва е отворен новиот долгоочекуван центар на уметноста Домот на културата ГЕС-2. Се наоѓа на местото на една стара советска електрана. Денес тука е сместена Фондацијата ВАЦ за Русија. Скулптурата под назив „Големата глина“ пред зградата на почетокот од годината предизвика голем скандал кај московјаните.
22. Десет нови станици на Московското метро беа отворени на ист ден! Претходно тоа се имаше случено во 1935 година кога беше отворено метрото. Ова е прекрасната станица Терехово на Големата кружна линија која сè уште се гради. Погледнете ги и другите нови станици.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче