„На пример, медицински техничар во брза помош кој во текот на два месеца одел на повици кај заболени со инфекција на коронавирус ќе „заработи“ стаж од шест месеци“, објасни заменик-министерот Андреј Пудов.
Податоците за медицинските работници кои им даваат помош на пациенти со потврден коронавирус или сомневање на вирус, работодавачите ќе ги доставуваат до пензискиот фонд.
Од Министерството за труд на РФ исто така потсетуваат дека предвремена пензија се добива за 25 години медицински стаж во селска средина и 30 години стаж во град.
На почетокот на неделата беше објавено дека стимулативните уплати за април за работа со пациенти со коронавирус добиле повеќе од 153 илјади медицински работници во внатрешноста на земјата, вклучувајќи ги лекарите, помошниот персонал и возачите на брза помош, како и преку 15 илјади вработени во федералните установи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче