Путин го нарече истражувањето на вселената симбол на прогресот

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Истражувањето на вселената денеска е симбол на човечкиот развој и напредокот, отвора нови перспективи во многу сфери, изјави рускиот претседател Владимир Путин во видеолинк со екипажот на Меѓународната вселенска станица (МВС).

„Истражувањето на вселената секогаш било и останува за човештвото симбол на прогресот и развојот, а вселенските активности отвораат нови перспективи во економијата, науката и социјалната сфера од година во година“, рече Путин, пренесува РИА „Новости“.

„Нашата земја отсекогаш била во првите редови во освојувањето на вселената. Ние ќе правиме сè за да ѝ посветиме потребно внимание на една од најважните области - пилотираната космонаутика“, изјави шефот на руската држава.

Тој додаде дека во орбитата, вклучително и во МВС, се вршат основни истражувања во биологијата, медицината, физиката, хемијата и се решаваат најважните практични проблеми.