Руската космонаутичка компанија „S7 Space“ почнува да гради орбитален космодром

Скриншот

Приватната руска космонаутичка компанија „S7 Space“, која веќе поседува поморски космодром, го објави почетокот на изградбата на орбитален космодром за опслужување и сервисирање на летала пред нивно испраќање во длабоката вселена.

Во пораката објавена на официјалната „Фејсбук“ страница на компанијата се соопштува дека почнале работите „со цел имплементирање на проектот за орбитален космодром, во што ќе биде вклучено целото искуство на руската космонаутика стекнато во текот на долготрајните летови со екипажи“.

„Каде и да тргнат луѓето низ длабоката вселена, есенцијален елемент на идниот меѓупланетарен космички транспортен систем ќе биде орбиталниот космодром. Таква инсталацијата ќе стане транзитна точка за сервисирање и дополнување со гориво на интерпланетарните вселенски летала и сателити во ниската Земјина орбита, а ќе има и улога на научна лабораторија, база за обука, па дури и на туристички центар“, се наведува во соопштението.

„S7 Space“ по повод на овој проект повика на соработка меѓу државните компании, приватните компании и амбициозните стартапи.

Се наведува дека „овој потфат ќе биде поттик за развој на технологии, воспоставување на приватно-државно партнерство во реализацијата на капацитетите на космичката индустрија, што сѐ заедно ќе го осигура значајното место на руската космонаутика во глобалното движење кон космосот“.

На „Фејсбук“ страницата исто така е објавен и видеоклип кој го прикажува концептот на вселенската програма „S7 Space“, која опфаќа лансирање на ракети од поморскиот космодром, доставување на товар до орбиталниот космодром и испраќање на неговиот екипаж на Марс.

Претходно беше соопштено дека „S7 Space“ планира да ја направи својата нова ракета според примерот на американската вселенска ракета за повеќекратна употреба „Falcon 9“.

Прочитајте повеќе: Рогозин најави постојана база на Месечината и масовно производство на космички ракети

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња