Олег Артемјев, руски космонаут кој зад себе има веќе две мисии на Меѓународната вселенска станица (МВС), го импресионираше интернетот со својот YouTube канал. Артемјев го снима своето секојдневие во вселената и иако за него тоа е само рутина, за „обичните Земјани“ е доживување.
И покрај тоа што Олег на снимките зборува на руски, постојат англиски титлови.
Во овој видеозапис можете да ја видите најдолгата „летечка“ рута по Меѓународната вселенска станица:
Погледнете ја Австралија од отворена вселена:
Како и деталното објаснување за најважниот систем на МВС:
„Ти благодариме, Олег, за сѐ што правиш. Русија и САД можеби имаат свои проблеми, но владите не зборуваат во името на нас поединците. Ти си вистинскиот човек, го ценам сѐ она што го правиш за нашата планета и нашиот вид“, запиша еден коментатор во освртот на видеозаписите кои ги поставува на интернет 47-годишниот Артемјев.
Рускиот космонаут е роден во главниот град на Летонија – Рига. Беше инженер на лет на 39 и 40 експедиција на МВС, а 2018 година се врати во вселената како капетан на вселенскиот брод Сојуз МС-08. Погледнете ги неговите профили на Инстаграм и на Твитер.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче