Русија подготвена да ѝ помогне на Америка во спречувањето на ширењето на коронавирусот

Рамиљ Ситдиков/Sputnik
Доколку биде потребно Русија е подготвена да им помогне на САД во спречувањето на ширењето на новиот коронавирус, изјави шефот на руската дипломатска мисија во Вашингтон Анатолиј Антонов.

„Нашите тестови го докажаа својот висок квалитет во Кина, Иран и се испратени во Италија. Американските граѓани треба да знаат дека Русија е подготвена доколку тоа биде потребно да им даде помош на САД, како што повеќепати нудеше да помогне во гаснењето на пожарите во Калифорнија“, ги наведува зборовите на Антонов службата за односи со јавноста на амбасадата на Русија во САД.

Како што нагласува Антонов, пандемијата предизвикана од новиот коронавирус е глобална закана која бара заеднички одговор. Антонов исто така изразува загриженост поради информациите објавувани во американските медиуми за наводниот неефикасен ангажман на владата на Русија во борбата против новиот коронавирус. Според амбасадорот, тоа не е ништо друго освен обид вниманието на јавноста од тешката ситуација во врска со коронавирусот да се префрли на состојбата во другите земји.

Инаку, во Италија денеска слета петнаесеттиот по ред авион на Министерството за одбрана на Руската Федерација кој во оваа тешко погодена од епидемијата земја превезе стручњаци, како и техника и средства потребни за запирање на епидемијата.
Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“, бројот на заразени со коронавирусот во светот моментално надминал 422 илјади, 18,9 илјади ја загубиле животната битка, додека 108,5 илјади се излечени.

Погледнете повеќе: Руската армија во Италија префрли современ комплекс за аеросолна дезинфекција „Орлан“? (ФОТО+ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња