Руската армија во Италија префрли современ комплекс за аеросолна дезинфекција „Орлан“? (ФОТО+ВИДЕО)

Комплексот за топлотен третман и дезинфекција на вооружувањето и воената техника ТМС-65У.

Комплексот за топлотен третман и дезинфекција на вооружувањето и воената техника ТМС-65У.

Извор на фотографијата: Интернет портал Бог-рата (mars.online)
„Орлан“ во вооружувањето на руската армија е воведен во 2015 година, и претставува понова варијанта на „санитарниот топ“ ТМС-65У. Благодарение на неговата конструкција средството може да се примени во најсложени услови на експлоатација. За ефикасноста на ова средство најдобро сведочи податокот дека е во состојба за една минута во целост да деконтаминира простор од 90 квадратни метри. „Орлан“ во 2016 година учествуваше во ликвидација на епидемијата со антракс што се случи во Јамалскиот регион.

Овој систем е наменет за ефикасна дезинфекција на различни видови возила, згради и останати затворени објекти, како и средства за индивидуална заштита. Целиот комплекс се наоѓа на шасијата на КамАЗ-53501. Средството е воведено во вооружувањето во 2015 година. Тоа е составено од кран-манипулатор и хидраулична дигалка, пренесува Интернет-порталот Marsonline.

Ова му овозможува ефикасна употребливост во најсложени услови на експлоатација. Неговиот капацитет за дезинфекција изнесува околу 90 квадратни метри простор за една минута. Благодарение на своите габарити, „Орлан“ без проблем може да го собере во воено-транспортен авион Ил076. Екипажот кој управува со целиот систем е составен од три члена.

Неговата примена е забележана на почетокот на месец август 2016 година за време на сузбивањето антракс на подрачјето на Јамалскиот регион.

Оваа машина е „помлад брат“ на специјалниот советски комплекс за топлински третман и дезинфекција на вооружувањето и на воената техника ТМС-65У.

ТМС-65У на задниот дел од камионската платформа има турбомлазен мотор ВК-1 кој инаку се наоѓаше на ловечките авиони МиГ-15 и МиГ-17, но и на бомбардерите од типот Ил-28. Со помош на овој систем војската е во состојба на мошне брз и ефикасен начин да изврши чистење на возилата од хемикалии или за создавање на силни завеси од чад со кои се покрива движењето на единиците на боиште.

Неговата ефикасност е навистина импресивна. Имено еден ТМС-65У може за само еден час да деконтаминира простор од речиси 5 квадратни километри.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња