„Секогаш сте таму каде каде што е особено тешко”: Путин до Воздушно-десантните сили на Русија

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Воздушно-десантните сили на Русија на 2 август ја одбележуваат годишнната од основањето. Пред 89 години на вежби кај Воронеж 12 падобранци, извршувајќи тактичка задача, првпат изведоа десант, пренесува „Русија 24“ (Россия 24).

Празничните манифестации се одржуваат во сите региони на Русија. На припадниците и ветераните на Воздушно-десантните сили им го честиташе празникот претседателот на Русија Владимир Путин. Текстот на телеграматата е објавен на официјалниот сајт на Кремљ.

Рускиот претседател ја пофали храброста на припадниците на десантните сили, нивната верност на заклетвата и преданоста на борбеното братство. Шефот на руската држава е убеден дека во иднина тие и понатаму ќе ги усовршуваат своите вештини, успешно ќе ги решаваат поставените задачи, пожртвувано ќе ги штитат интересите на Татковината и ќе ја чуваат безбедноста на руските граѓани.

Путин истакна дека припадниците на десантните сили денес на достоен начин ја продолжуваат достоинствено патриотската традиција што ја поставија ветераните. „Секогаш сте таму каде што е особено тешко, каде треба да се дејствува прецизно, синхронизирано и одлучно“, додаде рускиот претседател.

На денешен ден: Русија го слави денот на Воздушно-десантните воени сили