Падобрански десант на Крим: 40 авиони ИЛ-76 на два полигона исфрлија 2400 падобранци (ВИДЕО)

Скриншот
Преку 2400 падобранци од составот на Новоросијската десантно-јуришна обединета група изведе воздушен десант на источните брегови на Крим. Целата вежбовна операција е реализирана во рамките на летните тактички воени вежби на Воздушно-десантните сили (ВДВ) и Воено-транспортната авијација (ВТА) на руската армија. Ова денес го соопштија претставниците на информативната служба на руското Министерство за одбрана, пренесува ТАСС.

„Во рамките на изведувањето на заедничката тактичка воена вежба на единиците на Воздушно-десантните сили во координација со Воено-транспортната авијација, ангажирани се повеќе од 2400 падобранци на Новоросијската десантно-јуришна обединета група. Целата група полета од воените аеродроми „Иваново“ и „Улјановск“ и по долгиот прелет изврши падобрански десант на воените полигони „Наманскаја“ и „Охчи-Оба“ кои се наоѓаат на Крим“, се вели во  соопштението на Министерството за одбрана на РФ.

Самиот воздушен десант е реализиран од висина до 600 метри. Во него учествуваа 40 авиони ИЛ-76 од составот на Воено-транспортната авијација. Операцијата беше спроведена во два паралелни авио-десантни ешалони. Според сценариото на вежбата, падобранската група имаше задача по извршениот десант и приземјувањето енергично да ги заземе сите објекти во кои се наоѓаше непријателот и да изврши негово ликвидирање, пренесува порталот Marsonline. 

„Во рамките на основната етапа на оваа вежба која се реализира на Крим, извршивме десант на падобранска група со јачина од 2400 луѓе, по што успешно ги исполнивме сите тактички задачи зададени со нејзиниот план. По приземјувањето десантно-јуришната група ги зазеде сите објект во кои се наоѓаше непријателот и изврши негово целосно уништување. Исто така, оваа група со дел од своите сили завладеа и со аеродромот кој беше употребен за слетување на воздушно-транспортната група (авионите ИЛ-76 – заб. на авторот)“, изјави за новинарите заменик-началникот на штабот на ВДВ генерал-мајор Алексеј Наумец.

Според него, оваа вежба ги демонстрираше високиот степен на координација и професионализмот што го прикажаа екипажите на авионите ИЛ-76 и единиците на ВДВ.

„Важен факт е и тоа што површината на која беше изведен падобранскиот десант е една од најкомплицираните кога е во прашање изведувањето на вакви операции, особено што во нивна близина е морето. Покрај тоа, поради масовноста на десантот, истиот е реализиран во два паралелни воздушни ешалони, со по 20 авиони во секој од нив. Применето е минималното дозволено растојание меѓу авионите (околу 100 метри – заб. на прев.), што бараше дополнителни подготовки за вежба од ваков тип“, напомена Наумец.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња