ZUMA Press/Global Look Press
Руските воздушно-десантни воени сили, познати под кратенката ВДВ, се основани пред Втората Светска Војна. Првиот скок со падобран на овие воени сили се случил на 2 август 1930 г. во московската воена област. Скокот е изведен од страна на единица од 12 падобранци. Овој ден потоа стана празник на воздушно-десантните воени сили за време на советската ера, а денот продолжува да се слави на 2 август. Овие сили беа инволвирани во речиси сите конфликти на советска територија.
Секоја година, сегашните и поранешните падобранци слават со тоа што се собираат во големи групи и талкаат по улиците и парковите на руските градови. Падобранците, како и било кој друг кој е доволно храбар – честопати во потпијанета состојба – се веселат со капење по московските фонтани, а понекогаш дури и со предизвикување на тепачки со несреќни минувачи. Од таа причина, во повеќе руски градови дури и ги исклучуваат фонтаните за да се спречат лудориите.
Освен во Русија, денот на воздушно-десантните воени сили се слави на 2 август и во Белорусија, Казахстан и Украина.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче