106 Воздушно-десантна дивизија е една од четирите десантни дивизии на руското ВДВ.
Виталиј В. КузминСамо Вооружените сили на Русија можат да вршат десант на воена техника од авион, а можностите во оваа сфера ќе бидат сѐ поголеми, изјави командантот на Воздушно-десантните сили на руската армија генерал-полковник Андреј Сердјуков.
„Сите единици на воздушно-десантните сили во армиите на најголемите на најголемите воени сили со помош на падобрани реализираат само десант на жива сила и товар, додека техниката кај нив не се исфрла од авион, туку се префрлува по пат на слетување на авионите. Додека ние можеме во десант да префрлиме цели падобранско-десантни баталјони, па дури и падобранско-десантни полкови, како и воена техника“, изјави Сердјуков, пренесува „Взгљад”.
Сердјуков истакна дека ниедна земја во светот освен Русија денес нема такви можности.
„Странските армии немаат средства за десант какви што имаме ние, нивната техника не е наменета за десант. Тие не е занимавале со тоа“, изјави командантот на ВДВ.
Тој додаде дека воената транспортна авијација се развива активно развиена и дека поради тоа можностите на ВДВ за десант на техника ќе бидат сѐ поголеми. Следната година ВДВ ќе го добијат падобранскиот систем со повеќе куполи „Бахча-УПДС“, што ќе овозможи десант на борбеното возило БМД-4М со седум војници во него. Во текот се државните испитувања на системот кои ќе завршат до крајот на годината. „Бахча“ ќе влезе во вооружувањето на почетокот на 2018 година, по што ќе бидат дел од падобранско-десантните единици.
Тој истакна дека во БМД-4M се наоѓа потребната опрема. И веднаш по приземјувањето возилото ќе биде подготвено за извршување на поставените задачи.
„Неговата способност брзо да се оддалечи од подрачјето на десантот по приземјувањето значително ја зголемува неговата издржливост“, заклучи Сердјуков.
Во септември 2016 година беше соопштено дека Русија ја продолжи работата на создавање на систем за десант со најголема носивост на светот (до 20 тони).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче