Руските аеродроми добиваат нови имиња: Што ќе значи тоа за патниците?

Кирил Зиков/Moskva Agency
44 руски аеродроми ќе добијат нови имиња во чест на познати руски историски личности. Што навистина ќе значи тоа за оние кои патуваат во Русија?

Рускиот претседател Владимир Путин на 31 мај го потпиша указот за промена на називите на 44 аеродроми во земјата во знак на сеќавање на исклучителните историски личности, меѓу кои има владетели, писатели и други уметници, како и пионери во освојувањето на вселената.

Според указот на претседателот, московскиот аеродром Домодедово ќе го добие името на познатиот руски научник Михаил Ломоносов, Шереметјево според најголемиот руски поет Александар Пушкин, а Внуково според советскиот конструктор на авиони Андреј Туполев. Доколку планирате во иднина да го посетите аеродромот Адлер во Сочи или кримскиот аеродром Симферопол, ќе ве интересира да дознаете дека тие ќе добијат имиња според советскиот космонаут Виталиј Севастјанов и рускиот сликар Иван Ајвазовски.

Антон Чехов (јужно-сахалинскиот аеродром Хомутово), Дмитриј Менделеев (тјуменскиот аеродром Рошино), царицата Елисавета Петровна (калининградскиот аеродром Храброво), Екатерина Велика (краснодарскиот аеродром Пашковски) и Михаил Лермонтов (Минерални Води) исто така спаѓаат меѓу 44 значајни личности чии имиња ќе бидат доделени на некои руски аеродроми.

Сепак, промените не беа воведени случајно. Новите имиња беа избрани врз основа на резултатите од јавната анкета спроведена од властите есента 2018 година

Но, што ќе значи тоа за патниците? Дали треба да ги запомните новите имиња? Дали можеби ќе треба да ги замените авионските билети? За среќа, промените нема да влијаат на правните имиња на аеродромите, нивните меѓународни кодови или официјалната регистрација. Аеродромите всушност ги задржуваат претходните имиња и само добиваат по уште едно дополнително!

„Важно е да се истакне дека всушност не доаѓа до промена на имињата“, објасни прес-службата на аеродромот Внуково за Russia Beyond. „Нашиот аеродром го задржува постојното име „Меѓународен аеродром Внуково“ и добива еден додаток „Туполев“. Притоа називот „Внуково“ и неговите кодови (рускиот VNK, меѓународните VKO и UUWW) ќе останат непроменети и ќе се наоѓаат на сите авионски билети, бординг-билети и други документи“.

Затоа без паника и уживајте во посетата на Русија!

Прочитајте повеќе: Вака ќе изгледа новиот руски „еколошки” аеродром (фотографии)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња