Можеби ќе ви биде тешко да поверувате дека овие дрвени градби се вистински аеродроми. Но, на далечниот исток на Русија и во Сибир функционираат голем број слични центри за воздушен сообраќај. Тука нема да најдете фенси кафулиња и бесцарински зони, но за многу оддалечени места на Русија тие се единствената врска со остатокот на светот.
Овој аеродром е отворен во 1944 година во Магаданската област во рамките на воздушната траса Алсиб (Алјаска-Сибир) која била дел од Законот за заем и наем (Lend-Lease), програма под која САД во Втората светска војна со воена опрема и со оружје ги снабдувале сојузниците, меѓу кои и Советскиот Сојуз. Денес ова е единствениот аеродром од оваа програма кој сѐ уште функционира. Од Сејмачан авионите летаат за Магадан. А, постојат и чартер-летови за геолози.
Аеродромот Соловки е подигнат во пердвоениот период на Соловецките острови, а за време на Втората светска војна го користело советското воено воздухопловство. Траекти за Соловецките острови сообраќале само налето, па авионите назима биле единствената врска со остатокот од светот. Но, и тоа зависи од временските услови.
Авион од Соловки лета за Архангељск неколку пати неделно. Налето има и дополнителни летови од Мурманск. До аеродромот се стасува пеш, а се наоѓа во близина на Соловецкиот манастир.
Од овој мал аеродром во Архангељската област неколку пати неделно има летови за Архангељск, како и за оддалечените населби: Којда; Мосеево и Сафоново. Единствената автобуска линија во градот води до аеродромот.
Оваа мала приморска населба на брегот на Бело море во Архангељската област има аеродром од шеесеттите години на минатиот век. Двапати неделно можете со авион да стасате до Архангељск, а налето тука можете да дојдете и со брод. Недалеку од селото живее гренландската фока која привлекува голем број туристи.
Аеродромот Белаја Гора на брегот на реката Индигирика во Јакутија има постојана директна воздушна врска со регионалниот центар Јакутск. Оттука со авион исто така можете да стасате до блиските населби.
Ова е уште еден од многуте регионални аеродроми во јакутските села кој нуди редовни летови за Јакутск и за другите населби во оваа област. Аеродромот се наоѓа во селото и до него се стасува пеш.
Ова оддалечено село во Јакутија има нова аеродромска зграда, а авионите од него летаат за Јакутск и за другите населби. Од аеродромот летаат и хеликоптери.
Ова сибирско село во Краснојарскиот крај од цивилизацијата го дели реката Илимпеја. Со кола во селото може да се стаса единствено назима. Инаку двапати неделно тука слетува авион од соседниот град.
Игрим е село во Ханти-Мансискиот автономен округ на десниот брег од реката Сосва. Во шеесеттите години од минатиот вел тука се откриени неколку наоѓалишта на гас, па било решено да се подигне аеродром. Овој уникатен комплекс има земјена писта, веројатно единствена во Русија. Неколку пати неделно авиони летаат за Тјумењ и за Ханти-Мансиск.
Аеродромот во селото Хатанга во Краснојарскиот крај го користи поларната авијација. Исто така служи за дополнително полнење на резервоарот на авионите со гориво. Ова е најголемиот аеродром на Арктикот и работи нон-стоп. Моментално од аеродромот во Хатанга летаат авиони за Краснојарск и за Норињск, како и за локалните населби.
Регионалниот аеродром во селото Уоргалан во Хабаровскиот крај обезбедува функционирање на наоѓалиштата на скапоцени метали во Кондјор.
Аеродромот Чара се наоѓа во Забајкалскиот крај. Порано селото Чара било центар на локалниот гулаг и затворениците тука стасувале со мали авиони од Чита. Пистата ја подготвиле геолозите кои во близината откриле наоѓалиште на ураниум и на бакар. Денес аеродромот е отворен само дење, со оглед на тоа дека е опкружен со високиот планински венец Кодар.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче