Зошто царицата Екатерина Великa канела толку многу странци во Русија?

Getty Images
Странските навивачи со билетите за натпреварите не мораа да се грижат за визите за Светското првенство во Русија, но ова не е прв пат законите за миграција на земјата да бидат релаксирани. Пред повеќе од два века Екатерина поканила еден куп Европејци во земјата како дел од посебен манифест, но зошто?

Русија била добредојдена за странци долго пред манифестот на царицата Екатерина Велика на 22 јули 1763 година. Иван III, првиот владетел на централизираната руска држава, со нетрпение ги користел услугите на неруски специјалисти кои му помогнале да го обнови Кремљ и да го организира производство на топови во доцниот 15 век.

Педесет години подоцна, царот со страшно име – „Грозни“ – исто така прибегнал кон помош на странци кога одлучил да ги постави во сопствената флота на Балтичко Море. Петар I, основачот на Руската империја во почетокот на 18 век, бил жестоко критикуван од страна на неговите сонародници за она што тие мислеа дека е преголемо потпирање на европските специјалисти во врска со неговата политика.

Зошто царицата ги поканила странците?

Поканата на Екатерина II за колонисти од Европа била невиден потег во Русија. Поради обемот на оваа иницијатива се успеало да се привлечат десетици илјади странски доселеници. Зошто таа го направила тоа? Ајде да се свртиме кон манифестот за одговор.

Манифестот на царицата Екатерина Велика на 22 јули 1763 година

Таму царицата истакнала дека владата „гледа многу соодветни живеалишта што сè уште се ненаселени, додека во многу од нив се кријат бескрајни множества различни метали, како и шуми, реки, езера и мориња ... и имаат голем потенцијал за зголемување на бројот на различни фабрики“.

За време на владеењето на Екатерина, огромните територии на југот и југоисточниот дел биле инкорпорирани во Империјата. Дури и без новите освојувања, имало огромни региони кои биле одвај населени. Целта на царицата била да ги доведе луѓето на тие територии и да ги направи позначаен дел од националната економија.

Како руската влада привлекувала колонисти?

Манифестот бил преведен на неколку европски јазици, дистрибуиран преку руски дипломатски агенти во европските земји и објавен во локалните весници.

За да ги натера луѓето да се заинтересираат за понудата, руската држава обезбедила олеснувања. На колонистите им било загарантирано пристојно парче земја (исто така имало и неколку дополнителни парчиња за нивните потомци). Тие добивале ослободување од оданочување за одреден број години (до 30 години ако одлучиле да останат на село) и биле ослободени од воена служба.

Тие, исто така, добиле право на автономија - царската администрација не можела да се меша во внатрешните работи на нивните заедници. Плус, им биле дадени пари за преселување, како и некои поволни заеми и олеснувања за производите што ги произведувале и ги продавале. Може да се каже дека локалните Руси никогаш не уживале таков статус.

Веројатно, една од најважните причини зошто странците избрале да се населат во земјата бил фактот што тие биле слободни да се поклонуваат и да градат свои цркви. Тоа бил клучен фактор за многу германски протестанти кои се почувствувале нелагодно да живеат на териториите каде што доминираат католиците.

Затоа, протестантите, особено менонитите, сочинуваат голем дел од вкупниот број луѓе што ја прифатиле понудата на царицата.

Колку странци се преселиле во Русија?

Во првата деценија по објавувањето на манифестот, околу 30.000 луѓе се населиле во Русија. Тие главно биле Германци кои го избрале ретко населениот регион на Волга. Во 1765 година имало само 12 колонии, но само четири години подоцна бројот пораснал на 105. Главната преокупација на германските колонисти биле земјоделството и некои гранки на производство кои биле тесно поврзани со него. Тоа не било изненадување, бидејќи Екатерина свесно „го ставила главниот акцент на земјоделството... Затоа главната работна сила што требала да се донесе во Русија се гледала во селаните кои банкротирале поради седумгодишната војна“,нагласува руската историчарка Ирина Черкожанова.

Друг популарен регион каде што се населиле странци била територијата што моментно ѝ припаѓа на Украина - во тоа време штотуку била освоена од големите земји во Турција што се протегаат по брегот на Црното Море. Се вика Новоросија (Нова Русија). Ова биле места каде многу христијани (Срби, Македонци, Грци, Ерменци), кои избегале од Турција во Русија, избрале да живеат тука. За време на владеењето на Екатерина, околу 100.000 странци се преселиле во Русија.

Прочитајте уште: Како Екатерина Велика „го зеде Крим под власт Наша“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња