Италијанското архитектонско студио „Фуксас” победи на конкурсот за проектирање на новата аеродромска зграда во јужниот руски приморски град Геленџик на брегот на Црното море.
Архитектите ја пронајдоа инспирацијата во природата и дизајнот на аеродромот го засноваа врз птичјиот лет. „Сакавме да го доловиме моментот кога птицата одненадеж го менува правецот на летање и да ја претставиме динамичноста и поетичноста на ова движење“, се вели во официјалното соопштение на архитектите Масимилијано и Доријана Фуксас.
Аеродромот „Геленџик” ќе користи природни и обновливи извори на енергија, додека услужниот реон околу аеродромот, вклучувајќи го и паркингот, ќе има зелен простор со локални видови дрвја.
Масимилијано Фуксас е познат по иновативните проекти ширум Европа и надвор од неа, како што се Кулите-близначки во Виена, кулата Armani Ginza во Токио, реновирањето на „Беверли-центарот” во Лос Анџелес и др.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче