Генијалните соништа на руските научници, поети и композитори

Дмитриј Менделеев

Дмитриј Менделеев

Lori / Legion-Media
Благодарение на соништата Џејмс Вотсон ја открил структурата на ДНК, Данецот Нилс Бор го создал планетарниот модел на структурата на атомот, а Елијас Хоу ја конструирал машината за шиење. „Руска реч“ ви претставува седум генијални идеи до кои руските научници и уметници дошле на сон.

Дмитриј Менделеев

Рускиот хемичар долго не можел да ги подреди хемиските елементи по редослед, а потоа ненадејно го сонувал периодичниот систем во кој хемиските елементи биле подредени според растечки, а не според опаѓачки атомски број, како што тој првобитно претпоставувал.

На новинарите кои упорно го прогонувале, Менделеев вака им го опишал своето откритие: „Спиев и насон јасно ја видов табелата на која елементите се подредени како што треба. Се разбудив и го запишав тоа на хартија, па потоа повторно си заспав. Подоцна излезе дека само на едно место треба да се внесе измена“.

Менделеев во 1869 година конечно го формулирал својот периодичен закон на хемиски елементи.

Александар Грибоедов

Рускиот дипломат Александар Грибоедов во 1820 година, додека бил во Персија, ги сонувал идните одломки на своето ремек-дело на руската драматургија „Од умот си страдаме“. Штом се разбудил напишал писмо кое го испратил дома, во кое според сеќавања запишал неколку дела од првиот чин.

„Од умот си страдаме“. Извор:ТАСС„Од умот си страдаме“. Извор:ТАСС

Идејата за комедијата Грибоедов ја опишува вака: „Девојката не е глупава, но му дава предност на будалата наместо на паметниот човек. Тој човек е, секако, во конфликт со општеството и со неговото опкружување...“

Делото „Од умот си страдаме“ за првпат е објавено по смртта на авторот, во 1833 година. Ова е еден од најцитираните текстови во руската култура.

Многу фрази од комедијата станале крилатици: „Среќните луѓе не гледаат на саат“, „А, кои се судиите?“ итн. Комедијата е преведена на 25 јазици.

Николај Римски-Корсаков

Големиот композитор во 1880 година го минувал своето лето во руското село Стељово. Таму работел на операта „Снежанка“, која подоцна ќе стане хит на театарските сцени во Париз, Њујорк, Берлин и во Рим.

„Снежанка“. Извор: Александар Макаров / РИА Новости„Снежанка“. Извор: Александар Макаров / РИА Новости

Според неговите сеќавања, „дури и на сон мелодиите несвесно одекнуваа“. Самиот композитор велел дека ниту едно дело не е компонирано толку брзо и лесно како „Снежанка“.

Премиерата на операта била одржана во 1882 година во Санкт Петербург на сцената на Мариинскиот театар.

Олег Антонов

Прочуениот конструктор на авиони се сеќавал дека долго се обидувал да го осмисли обликот на опашот за авионот „Антеј“: „Размислував, правев пресметки, цртав, но не бев задоволен. Еднаш насон видов опаш на авион со необичен облик. Се разбудив, го запалив светлото, ја нацртав на хартија таа чудна конструкција и повторно си легнав да спијам. Изутрината, кога го видов цртежот бев восхитен. Се прашував како претходно не сум се сетил на тоа“.

Ан-22 Антеј. Извор: Валентин Черединцев / TAССАн-22 Антеј. Извор: Валентин Черединцев / TAСС

„Антеј“ во 1965 година бил претставен на париската авиоизложба како „најголем авион во светот кој може да прими 720 патници или 80 тони товар“.

Александар Пушкин

Големиот поет самиот посведочил дека неговите најдобри стихови „На Лициниј“ и „Пророк“ ги видел на сон.

Извор: Сергеј Пјатаков / РИА НовостиИзвор: Сергеј Пјатаков / РИА Новости

Уште во времето на Пушкин се појавила шега за тоа дека поетот бил отфрлен од страна на декабристите (дворјани-револуционери кои организирале бунт против царот во декември 1825 година) токму поради тоа што пишувал насон.

Биографите на поетот се сомневаат во фактот дека Пушкин наспроти востанието сонувал како му паднале пет заба. Следното утро биле погубени петмина декабристи – пријатели на поетот.

Карл Роси

Рускиот архитект со италијанско потекло Карл Роси го подигнал Михајловскиот дворец во Петербург специјално за Михаил, синот на императорот Павел Први. Се зборува дека Роси овој проект го видел насон и дека веќе следното утро имал сосема јасна слика како треба да изгледа дворецот во стилот на високиот класицизам.

Извор: Lori / Legion-MediaИзвор: Lori / Legion-Media

Се смета дека овој архитект е еден од создавачите на „рускиот ампир“. Негови познати дела во Санкт Петербург се зградата на Александриинскиот театар и ансамблот на Дворскиот плоштад со зградата на Главниот штаб.

Во зградата на Михајловскиот дворец во 1895 година е отворен Рускиот музеј.

Антон Чехов

Во книгата „Близу Чехов“, помладиот брат на писателот – Михаил, ја опишува следнава епизода: „Во Мелихово на Антон Павлович од исцрпеност му 'проработеа нервите'. Штом ќе почнеше да тоне во сон, нешто ќе го 'размрдаше'. Тој со ужас се будеше и некаква чудна сила го исфрлаше од постелата“.

Извор: Lori / Legion-MediaИзвор: Lori / Legion-Media

Во една пригода во таква состојба Чехов сонувал страшен сон за еден монах, врз основа на кој подоцна ја изградил структурата на „Црниот монах“. „Впечатокот беше толку силен што брат ми Антон потоа уште долго зборуваше за монаштвото, сè дури на крајот не ја напиша својата позната приказна“, пишувал Михаил Чехов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња