Кога Русин ќе удри на Русин: Ѕвездата на НХЛ Александар Овечкин нокаутира сонародник (ВИДЕО)

Greg Thompson/Icon Sportswire/Global Look Press

Третиот НХЛ дуел од плеј-офот меѓу Вашингтон и Каролина не помина најдобро за екипата на еден од најголемите хокеари на сите времиња Александар Овечкин, откако неговите „Капиталс“ беа поразени од „Хуриканс“ со 5:0. Но Вашингтон сѐ уште има победа предност и води во плеј-оф серијата со 2:1.

Подебелиот крај на овој натпревар го извлече 19-годишниот хокеар на клубот од Каролина Андреј Свечников, кој реши да го предизвика на бокс-меч 14 години постариот и речиси 20 кг потешкиот (88 кг наспроти 106,5 кг) Овечкин. Погледнете како заврши сето тоа: 

Свечников едвај го кренаа на нозе и го изнесоа од теренот. Не го продолжи натпреварот.

Прочитајте повеќе: Трамп изјави дека е навивач на Овечкин

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња