Трамп изјави дека е навивач на Овечкин

Global Look Press
Доналд Трамп призна дека е фан на познатиот руски хокеар Александар Овечкин. Зборовите на американскиот лидер ги наведува новинарката Изабела Хуршудјан.

„Јас немам друг избор освен да станам негов навивач. Овечкин е нешто посебно. Видете му ги рацете“, изјави Трамп.

Претседателот на САД на „Твитер“ ги окарактеризира хокеарите на „Вашингтон“ како „тим на големи шампиони“.

Западните медиуми исто така истакнуваат дека Трамп рекол за својата ќерка Иванка дека е „голема пријателка и поклоник на талентот на Александар Овечкин“. Американскиот претседател нагласи дека токму рускиот напаѓач го довел тимот од главниот град на САД до првиот „Стенли куп“ во историјата на овој клуб.

Капитенот на „Вашингтон капиталс“ Александар Овечкин возврати дека посетата на Белата куќа е голема чест за неговиот тим.

„За нас е голема чест што сме тука. Ќе се обидеме да го направиме ова повторно. Ја имаме истата екипа која поседува искуство“, вака ги цитира новинарката на „Вашингтон Пост“ Изабела Хуршудјан зборовите на Овечкин.

Играчите на „Вашингтон капиталс“, актуелниот победник на „Стенли купот“ на НХЛ лигата во понеделникот ја посетија Белата куќа и се сретнаа со американскиот претседател.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња