Министерството за одбрана на Русија планира во најскоро време да изгради филмско студио за снимање филмови за современата војска, изјави шефот на рускиот одбранбен ресор Сергеј Шојгу на церемонијата на врачување на наградата на Министерството за одбрана на РФ во сферата на културата и уметноста.
„Буквално во најскоро време ќе почнеме со изградба на воено филмско студио“, рече Шојгу, пренесуваат руските медиуми.
Рускиот министер за одбрана истакна дека денес се снимаат мошне добри филмови за војната, но дека сѐ уште не се појавил значаен филм за современата војска. Шојгу предложи во иднина, кога ќе се појават такви филмови, да се воспостави за нив посебна награда на Министерството за одбрана на РФ во сферата на културата и уметноста, па дури и да се одржува посебен воен филмски фестивал.
Наградата на Министерството за одбрана на Русија во сферата на културата и уметноста е воспоставена 2015 година со цел поттик на војниците и цивилите да работат над креативни проекти кои придонесуваат за воено-патриотското воспитување на граѓаните на Русија. Наградата првпат беше врачена 2017 година.
Кон крајот на минатата година Серускиот центар за проучување на јавното мислење установи дека меѓу граѓаните на Русија се најпопуларни воените филмови, покрај анимираните филмови и комедиите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче