„Балканска меѓа” најгледан филм изминатиов викенд во Русија

Дмитриј Лане

Воената акциона драма „Балканска меѓа” изминатиот викенд беше најгледаниот филм во кината во Русија и земјите на Заедницата на назависни држави. Филмот инкасираше 125,5 милиони рубли (1,76 милиони евра).

Овие податоци ги објави порталот kinobusiness.com.

Филмот на рускиот режисер Андреј Волгин премиерно беше на прикажан 21 март. Во филмот играат Антон Пампушни, Гоша Куценко, Милош Биковиќ, Милена Радуловиќ, Миодраг Радоњиќ, Гојко Митиќ и многу други. Епизодна улога одигра и српскиот режисер Емир Кустурица.

На второто место по гледаност изминатиот викенд е цртаниот филм снимен во копродукција на САД и Шпанија „Чудесен парк” (Wonder Park), кој заработи 104,5 милиони рубли (1,4 милиони евра).

Третото место го зазеде руската комедија во режија на Реза Гигинеишвили „Трезниот возач”, која заработи 101,2 милиони рубли во текот на првите четири дена од прикажувањето.

„Балканска меѓа” беше премиерно прикажан во руските кина два дена пред годишнината од НАТО-бомбардирањето на СР Југославија. Како што истакнува аналитичарот на весникот „Взгљад“ Дмитриј Даб, филмската екипа извела свој мал подвиг, затоа што успеала да сними „патриотски филм поради кој не мораме да се срамуваме“.

Прочитајте повеќе: Пет најдобри руски филма кои премиерно ќе се прикажат на почетокот од 2019 година

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња