Путин одликуваше специјалец кој зароби противвоздушен систем „Стингер” во војната во Авганистан

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Русија Владимир Путин го одликуваше со Орден „Херој на Руската Федерација“ офицерот на руската воена разузнавачка служба ГРУ Владимир Ковтун за учество во борбените дејствија во Авганистан, се наведува во соопштението, објавено на сајтот на прес-службата на Кремљ.

Телевизијата „Ѕвезда” објави дека 1987 година борбена група под команда на Ковтун била првата група советски војници на која ѝ тргнало од рака да зароби противвоздушен систем „Стингер” кој САД им го доставуваа на муџахедините.

„За јунаштвото, храброста и смелоста покажани при исполнувањето на специјални задачи во услови опасни по живот на Владимир Павлович Ковтун му се доделува звањето Херој на Руската Федерација”, се наведува во текстот на указот.

Според информациите со кои располага ТВ-каналот, на Ковтун му било ветувано високо одликување уште за време на СССР, но тој тогаш не го добил.

Прочитајте повеќе: Зошто СССР испрати трупи во Авганистан?