Советски војници им покажуваат на авганистански падобранци воена техника.
Валериј Шустов/TASS„По долго боледување на 12 февруари почина ветеранот на вооружените сили, полковник во пензија Борис Керимбаев“, се наведува во соопштението.
Прекарот Кара-мајор Керимбаев го доби во Авганистан како командант на вториот „муслимански“ баталјон. Тоа беше 177 специјална единица формирана врз база на 22 посебна бригада за посебни намени на Алматинската област на Казашката Советска Социјалистичка Република. Единицата се занимаваше со извидување, организирање заседи и учество во отворени вооружени судири.
Полковник Борис Керимбаев
Министерство за одбрана на КазахстанКон крајот на мај 1982 година оваа единица ја зазеде Панширската долина и речиси година дена потполно го блокираше движењето на бројно понадмоќните сили на Ахмад Шах-Масуд. Керимбаев е првиот на списокот на команданти во чии единици имало најмалку загуби.
Ахмад Шах-Масуд сфатил дека не може да ги истера муслиманите од клисурата и затоа ветил милион долари за главата на Кара-мајор, но ниту тој обид не вродил со плод.
Денес во Казахстан живеат 16820 ветерани од Авганистанската војна. Многумина од нив учествуваат во средбите со младите генерации и во воено-патриотски манифестации.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче