5 советски проекти кои преживеаја по војните во Авганистан

Советски автомобили на мостот меѓу Авганистан и Узбекистан.

Советски автомобили на мостот меѓу Авганистан и Узбекистан.

В.Кисељов/RIA Novosti
Инфраструктурните проекти создадени од Советскиот Сојуз помагаат во развојот и општествените промени во Авганистан во шеесеттите и во седумдесеттите години од минатиот век. Многумина од нив преживеале дури и по војната и сè уште функционираат денес. Russia Beyond Македонија ви презентира 5 проекти од големо значење за земјата.

Романите на Калед Хосејн честопати цртаат розова слика за живот во Авганистан во седумдесеттите години од минатиот век. Голем дел од модерната предвоена инфраструктура и многу образовни институции од тоа време биле изградени од Советскиот Сојуз.

И покрај катастрофалните војни, неколку руски проекти во земјата сè уште функционираат и се од витално значење за локалното население.

Тунелот Саланг 

Американски војници и авганистански работници на јужниот влез на тунелот

Изграден во шеесеттите години од минатиот век, тунелот од 2.6 километри е важна патна артерија која го поврзува Кабул со градовите во северен Авганистан. Тоа е единствениот тунел кој го поврзува северниот и јужниот дел на земјата и се користи во текот на целата година. Околу 10.000 возила минуваат секој ден. Тоа го намалува времето за патување од Кабул во северен Авганистан за речиси 62 часа.

Москва се согласува да го изгради тунелот под Саланг во планинскиот венец Хиндукуш во 1955 година. Тунелот кој го сметаат за инженерско чудо, достигнува надморска височина од 3.400 метри, и е отворен за јавноста во 1964 година. Неговата локација го прави највисокиот тунел во светот до 1973, кога во САД бил изграден малку „повисок“.

Микрорајон

Станбена зграда во Микрорајон

Микрорајон (чие име е позајмено од руски јазик) е една од најпознатите адреси во главниот град на Авганистан. Се наоѓа во западниот дел на Кабул, а изградбата на комплексот на монтажни објекти започна во шеесеттите години од минатиот век.

Зградите, наречени „хрушчовки“, кои личат на станбените блокови во Русија и Источна Европа, се изградени за да се донесе советската визија за модерноста на народот на Авганистан. Микрорајонот не е само дом на кабулската елита, туку и на средината и на работничката класа. 

Вториот бран на изградба на станбени објекти датира од осумдесеттите години од минатиот век, кога Русите имаат големо присуство во Авганистан. Во 2012 година весникот New York Times пишува дека, иако Микрорајонот е „тесен, порутен и крпен“, се ги уште има „некои од највредните домови на образованата и богатата средна класа на Кабул“.

Кабулски политехнички универзитет

Авганистански студент во Кабулскиот политехнички универзитет

Основан во 1963 година, универзитетот има над 1.500 студенти на 7 факултети, вклучувајќи хемиска технологија, геологија и архитектура. Според неговиот сајт „градежните материјали за универзитетот се донирани на народот на Авганистан како подарок од народот од Советскиот Сојуз. Инженерите од Советскиот Сојуз и Авганистан работеле заедно“.

Главната зграда на универзитетот била изградена во советски модернистички стил, а кампусот има неколку социјалистички слики. Универзитетот  за време на советско-авганистанската војна бил насилно затворен од Талибанците. Подоцна беше обновен и повторно отворен. Многу универзитетски предавачи се обучени на Рускиот универзитет на дружбата на народите.

Советскиот Сојуз исто така гради инженерско училиште и автомеханички институт во Кабул, кои и денес се уште работат.

Авганистанско-Узбекистански пријателски мост 

Иако не е изграден со алтруистички цели, мостот отворен во 1982 година е единствената транспортна врска преку границата меѓу Авганистан и Узбекистан. 

Мостот, кој е опремен со асфалтен пат и железничка линија, е изграден од СССР за помагање на војниците во Авганистан и е запечатен на сликата на последните советски автомобили кои ја напуштаат земјата.

Узбекистанските власти го затворија мостот во 1977 година, кога Талибанците беа на власт во Авганистан. Во 2001 година повторно се отвора, станувајќи една од главните точки за пристап на трговските патишта во Централна Азија.

Браната на Сардех Банд 

Се наоѓа во провинцијата Газни, браната е изградена во шеесеттите години од минатиот век, обезбедувајќи наводнување на 13.000 хектари земјиште. Браната има капацитет од 259 милиони кубни метри вода. Таа игра многу важна улога во спречувањето и во контролата на поплавите во регионот. 

Земјите околу браната во моментов не се одгледуваат, главно поради нападите на Талибанците врз земјоделците. 

Русите, сепак, изградија аеродром во близина на браната, што потоа се користеше од страна на САД и нивните сојузници во борбата против талибанските бунтовници.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња