Генерал на 40 советска армија развеа четири мита за војната во Авганистан

Советски војник во Авганистан, 1988.

Советски војник во Авганистан, 1988.

А. Соломонов/Sputnik
Херојот на Советскиот Сојуз, последен командант на 40 армија која беше главната сила на контингентот на советската војска во Авганистан генерал-полковник Борис Громов развеа четири мита за присуството на советската војска во таа земја.

Првата заблуда е тоа што конфликтот се нарекува „советско-авганистанска војна“. Не е вистина дека тоа беше конфронтација меѓу СССР и Авганистан, ги пренесуваат медиумите неговите зборови. Тој назив го измислија на Запад во текот на студената војна за да им дадат легитимитет на муџахедините кои беа поддржувани од Американците, вели генералот. Советската армија во Авганистан присуствуваше на повикот на законските власти на таа земја.

Втората невистина е тоа дека СССР ја загубил војната во Авганистан. „Јас како командант на советската армија никогаш не добив наредба да „победам“ некого таму. Кога беше најбројна, 40 армија имаше само 108000 луѓе, а тоа е доказ дека никој не бараше класична воена победа во Авганистан“, вели Громов. Мисијата на 40 армија беше „да обезбеди услови за работи на законската влада која беше предводена од Народно-демократската партија на Авганистан. И јас сум сигурен дека советските војници успешно ја извршија таа задача“, додава тој.

На прашањето зошто владата на Мухамед Наџибулах сепак беше соборена, Громов одговара дека во тоа време СССР самиот почнал да се распаѓа, и новото руско раководство престанало финансиски да ги поддржува авганистанските власти. 

Третата невистина е дека советските војници и офицери им втерувале страв во коски на авганистанските цивили. „Советскиот Сојуз спроведе многу цивилни, економски и политички програми кои им го подобрија животот на Авганистанците“, вели Громов. Само во 1982 година 40 армија извела 127 цивилни операции: поправала куќи, градела патишта, делела храна и лекови и организирала културни настани.

За претпоставката дека САД се поуспешни во Авганистан од СССР Громов вели: „Ние пред сѐ си го одржавме зборот и навистина се повлековме од Авганистан како што и ветивме, додека американската војска таму останува и по изјавите дека се повлекла од 2014 година.

„40 армија контролираше поголем дел од територијата на Авганистан, додека по 17 години присуство на американската војска Талибанците во целост контролираат или слободно се движат на 70 отсто од територијата. СССР исто така никогаш не се обидуваше да му наметне политички и економски систем на Авганистан.“ 

„40 армија оствари голем прогрес во Авганистан, извршувајќи ги своите задачи. И тоа ќе продолжеше да не дојдеше до поголеми политички промени, односно да не се распадна Советскиот Сојуз“, вели Громов.

Прочитајте за 5 советски проекти кои преживеаја по војните во Авганистан

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња