Индискиот амбасадор во Русија: Индија не се откажува од купување на С-400

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Москва и Њу Делхи постигнаа виден напредок во подготовката на договорот, оцени Панкаџ Саран, индискиот амбасадор во Русија.

„Посветени сме на сите наши договори во таа сфера, вклучувајќи го и купувањето на С-400“, одговори амбасадорот запрашан дали САД можат да влијаат на Индија да ги промени ставовите во преговорите за купување на руски системи.

Индискиот дипломат нагласи дека двете страни постигнале значителен напредок во подготовката на договорот, но не можеше да прецизира кога ќе биде потпишан. Како што претходно известија индиските медиуми, локалното Министерство за одбрана се обратило до владиниот Комитет за безбедност барајќи да го одобри договорот за купување на руски системи за ПВО-ПРО С-400 во вкупна вредност од околу 5,5 милијарди долари. Објавените информации предизвикаа загриженост во Вашингтон, па така шефот на комитетот за прашања на вооружените сили на претставничкиот дом на американскиот Конгрес Вилијам Торнбери изјави за телевизиската станица Ен-Ди-Ти-Ви дека купувањето на руски С-400 би можела да се одрази на воената соработка меѓу Њу Делхи и Вашингтон.

Индискиот министер за одбрана Нирмала Ситараман изјави дека договорот меѓу Русија и Индија за купување на С-400 се наоѓа во завршна фаза.

Противвоздушниот ракетен систем С-400 (во верзијата за извоз „Триумф”) влезе во состав на вооружувањето на руската војска во 2007 година. Системот може да ги уништи сите современи и напредни системи за воздушен напад, а меѓу нив крстосувачки ракети, авиони на тактичка и стратешка авијација, маневрирачки боеви глави на балистички ракети.

Договори за испорака на С-400 се склучени со Кина и Турција. Во тек се и преговори за продажба на овој ПВО-ПРО систем на Саудиска Арабија.

Прочитајте повеќе: Турција одби да го поништи договорот со Русија за испорака на С-400